Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 20:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Жената се врати во градот и му проговори на сиот народ како што и зборуваше нејзината мудрост. И му ја отсекоа главата на Вихриевиот син Сева и му ја фрлија на Јоава. А тој заповеда да затрубат во рог, та се разотидоа од градот, секој во својот крај. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим.

23. Јоав беше заповедник на сета војска. Јодаевиот син Венај беше заповедник на Хетејците и Фелетејците.

24. Адорам беше надгледувач над работите. Ахилудовиот син Јосафат беше летописец.

25. Сеја беше државен писар. Садок и Авијатар беа свештеници.

26. Покрај тоа Јаиранецот Ира беше Давидов заменик.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 20