Жената се врати во градот и му проговори на сиот народ како што и зборуваше нејзината мудрост. И му ја отсекоа главата на Вихриевиот син Сева и му ја фрлија на Јоава. А тој заповеда да затрубат во рог, та се разотидоа од градот, секој во својот крај. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим.