Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 20:15-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Јоав дојде и го опсадија Авел Вет Маак. Нареди да се изгради насип околу градот. Сета војска што беше со Јоава се нафрли да го поткопува ѕидот за да го разурне.

16. Тогаш една мудра жена се искачи на ѕидот и повика од градот: „Чујте! Чујте! Речете му на Јоава: ‘Дојди ваму, да разговарам со тебе!’”

17. Кога дојде, жената праша: „Ти ли си Јоав?” Тој одговори: „Јас сум.” А таа рече: „Послушај ги зборовите на својата слугинка!” Тој одговори: „Слушам.”

18. Жената продолжи: „Некогаш се зборуваше вака: ‘Треба да се праша во Авел

19. дали е свршено со она што утврдија верниците и мирните во Израел.’ Ти сакаш да уништиш еден град, и тоа еден од матичните градови во Израел. Зошто го сотираш Господовото наследство?”

20. Јоав одговори вака: „Далеку, далеку е тоа од мене! Не сакам ни да сотрувам ни да разурнувам.

21. Не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, син Вихриев, ја подигна раката на царот, на Давида. Предајте го само него, па ќе си одам од градот!” Жената му одговори на Јоава: „Добро. Веднаш ќе ти ја фрлат неговата глава преку ѕидот!”

22. Жената се врати во градот и му проговори на сиот народ како што и зборуваше нејзината мудрост. И му ја отсекоа главата на Вихриевиот син Сева и му ја фрлија на Јоава. А тој заповеда да затрубат во рог, та се разотидоа од градот, секој во својот крај. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим.

23. Јоав беше заповедник на сета војска. Јодаевиот син Венај беше заповедник на Хетејците и Фелетејците.

24. Адорам беше надгледувач над работите. Ахилудовиот син Јосафат беше летописец.

25. Сеја беше државен писар. Садок и Авијатар беа свештеници.

26. Покрај тоа Јаиранецот Ира беше Давидов заменик.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 20