Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 20:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А Амаса лежеше во крв сред патот. Откако виде оној човек дека сиот народ застанува, го одвлече Амаса од патот во полето и фрли преку него наметало, зашто виде дека подзапира секој кој ќе наидеше близу до него.

13. Кога Амаса беше отстранет од патот, сите луѓе тргнаа по Јоава, за да го гонат Вихриовиот син Сева.

14. Сева помина низ сите израелски племиња сè до Авел Вет Маак, и сите Виранци со него. Тие се собраа и тргнаа по него.

15. Јоав дојде и го опсадија Авел Вет Маак. Нареди да се изгради насип околу градот. Сета војска што беше со Јоава се нафрли да го поткопува ѕидот за да го разурне.

16. Тогаш една мудра жена се искачи на ѕидот и повика од градот: „Чујте! Чујте! Речете му на Јоава: ‘Дојди ваму, да разговарам со тебе!’”

17. Кога дојде, жената праша: „Ти ли си Јоав?” Тој одговори: „Јас сум.” А таа рече: „Послушај ги зборовите на својата слугинка!” Тој одговори: „Слушам.”

18. Жената продолжи: „Некогаш се зборуваше вака: ‘Треба да се праша во Авел

19. дали е свршено со она што утврдија верниците и мирните во Израел.’ Ти сакаш да уништиш еден град, и тоа еден од матичните градови во Израел. Зошто го сотираш Господовото наследство?”

20. Јоав одговори вака: „Далеку, далеку е тоа од мене! Не сакам ни да сотрувам ни да разурнувам.

21. Не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, син Вихриев, ја подигна раката на царот, на Давида. Предајте го само него, па ќе си одам од градот!” Жената му одговори на Јоава: „Добро. Веднаш ќе ти ја фрлат неговата глава преку ѕидот!”

22. Жената се врати во градот и му проговори на сиот народ како што и зборуваше нејзината мудрост. И му ја отсекоа главата на Вихриевиот син Сева и му ја фрлија на Јоава. А тој заповеда да затрубат во рог, та се разотидоа од градот, секој во својот крај. А Јоав се врати кај царот во Ерусалим.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 20