17. Царот нареди да ги излеат во Јорданската Рамница, кај глинената земја, меѓу Сокхот и Саридат.
18. Соломон направи толку многу од тие предмети да не можеше да се измери тежината на бронзата.
19. Тогаш ги направи сите предмети наменети за Божјиот Дом: златниот жртвеник и столбовите на кои беа принесените лебови,
20. златните светилници со светилките од чисто злато што требаа, според прописот, да се палат пред Најсветото место;
21. цветовите, светилките и ножиците од злато; тоа беше чисто злато;
22. ножиците, котлињата, машичките и кадилниците од чисто злато; влезот во Домот, внатрешната врата на Светината над светините, и вратата на Храмот во Светилиштето, беа златни.