Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 33:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Манасиј му беа дванаесет години кога се зацари. Царуваше педесет и пет години во Ерусалим.

2. Правеше што е зло во Господовите очи, поведувајќи се по гнасностите на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.

3. Ги обнови високите места што им ги имаше оборено татко му Езекија, му подигна жртвеник на Ваал , направи ашери и почна да и се клања на сета небеска војска и да и служи.

4. Подигна жртвеници и во Господовиот Дом, за кого Господ беше рекол: „Во Ерусалим ќе престојува Моето Име засекогаш.”

5. изгради жртвеници на сета небеска војска и во обата преддворја на Господовиот Дом.

6. И своите синови ги преведе низ оган во долината на Еномовиот син. Вражаше, гаташе, маѓепсуваше, создаде бајачи и повикувачи на мртви, и воопшто направи премногу зло во Господовите очи разгневувајќи Го.

7. Направи кип на божество, и го постави во Божјиот Дом, за кого Бог им беше рекол на Давида и на неговиот син Соломон: „Во овој Дом и во Ерусалим, што го избрав меѓу сите израелски племиња, ќе го поставам Своето Име довека.

8. Не ќе давам веќе ногата на Израелците да се повлече од земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци, само ако пазат и ако спроведуваат во дело сè што им заповедав: сиот Закон, одредбите и обичаите дадени преку Мојсеј.”

9. Но Манасиј ги заведе Јудејците и ерусалимците та правеа уште полошо од народите што Господ ги откорна пред Израелевите синови.

10. Господ ги опоменуваше Манасиј и неговиот народ, но тие не послушаа.

11. Затоа Господ ги доведе против нив военачалниците на асирскиот цар. Го фатија Манасиј со куки, го врзаа во двојни железни вериги и го одведоа во Вавилон.

12. Кога се најде во неволја, почна да Му се моли за милост на Господа, својот Бог, длабоко се покаја пред Бога на татковците.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 33