Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 31:19-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Ароновите синови, свештениците на полските пасишта на своите градови, во секој одделен град, беа одредени по име, за да му даваат дел на секое машко меѓу свештениците. Левитите ги составија сите родословници.

20. Езекија направи така по сета Јудеја, извршувајќи што е добро право и вистинско пред Господа, својот Бог.

21. Во секоја работа што ја почнувал за служба во Божјиот Дом и во законот и во заповедите, барајќи го Бога, се трудеше со сето свое срце и успеваше.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 31