Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 21:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Јорам имаше шестмина браќа, Јосафатови синови: Азариј, Ехил, Захариј, Азариј, Михаил и Сефатиј. Сите тие му беа синови на израелскиот цар Јосафат.

3. Таткото им даде многу дарови во сребро, во злато и во скапоцености, со утврдените градови во Јудеја; царството му го даде на Јорама, зашто беше првенец.

4. Откако стапи на татковиот престол и откако се утврди, Јорам ги погуби сите браќа со меч, па и некои израелски кнезови.

5. На Јорама му беа триесет и две години кога се зацари, а царуваше осум години во Ерусалим.

6. Живееше како израелските цареви, како и Ахавовиот дом, зашто Ахавовата ќерка му беше жена; работеше што е зло во Господовите очи.

7. Сепак Господ не сакаше да ја разурне куќата на Давида заради Заветот што го склучи со него и затоа што му вети дека ќе им ја даде светилката нему и на неговите синови засекогаш.

8. Во тоа време Едомците се одметнаа од под јудејската власт и си поставија свој цар.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 21