Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 9:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Но ако Ме оставите, вие и вашите синови, ако не ги пазите Моите заповеди и закони што ви ги дадов, ако се свртите кон боговите, и ако им служите и им се клањате,

7. тогаш ќе го истребам Израел од земјата што му ја дадов; овој Дом, што му го посветив на Моето Име, ќе го отфрлам од Себе, и Израел ќе биде за презир и за потсмев на сите народи.

8. Овој Дом е возвишен, ама сите кои што ќе поминуваат покрај него ќе бидат вчудоневидени; ќе свират со уста и ќе зборуваат: ‘Зошто Господ направи така со оваа земја и со овој Дом?’

9. А ќе им се рече: ‘Зашто Го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе нивните татковци од Египет, а им се приклонија на други богови, ги честеа и им служеа, затоа Господ ги пушти сите овие зла врз нив.’”

10. После дваесет години, во кои Соломон ги изгради двете згради, Господовиот Дом и царскиот дворец,

11. а Хирам, царот на Тир, му набавуваше кедрово и чемпресово дрво, и злато колку што сакаше, тогаш царот Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската Земја.

12. Хирам излезе од Тир за да ги види градовите што му ги подари Соломон, ама не му се допаднаа.

13. И рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате?” И оттогаш ги викаат „Земја Кабул” до денешниот ден.

14. А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет златни таланти.

15. Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 9