поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Соломон го доврши градењето на Господовиот Дом, на царскиот дворец и на сè што науми да гради,

2. Господ му се јави и по вторпат на Соломона, како што му се јави во Гаваон.

3. Господ му рече: „Ги послушав молитвата и просењето што Ми ги упати. Го посветив овој Дом, што го градеше за да престојува во него Моето Име довека; Моите очи и срцето ќе бидат тука секогаш.

4. А ти, ако одиш пред Мене како што одеше твојот татко Давид, во невиноста на срцето и во праведност, ако постапуваш во сè како што ти заповедав, и ако ги пазиш Моите закони и Моите наредби,

5. Јас ќе го зацврстам засекогаш твојот царски престол над Израел, како што му ветив на твојот татко Давид кога му реков: ‘Никогаш нема да ти снема наследник на Израелевиот престол.’

6. Но ако Ме оставите, вие и вашите синови, ако не ги пазите Моите заповеди и закони што ви ги дадов, ако се свртите кон боговите, и ако им служите и им се клањате,

7. тогаш ќе го истребам Израел од земјата што му ја дадов; овој Дом, што му го посветив на Моето Име, ќе го отфрлам од Себе, и Израел ќе биде за презир и за потсмев на сите народи.

8. Овој Дом е возвишен, ама сите кои што ќе поминуваат покрај него ќе бидат вчудоневидени; ќе свират со уста и ќе зборуваат: ‘Зошто Господ направи така со оваа земја и со овој Дом?’

9. А ќе им се рече: ‘Зашто Го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе нивните татковци од Египет, а им се приклонија на други богови, ги честеа и им служеа, затоа Господ ги пушти сите овие зла врз нив.’”

10. После дваесет години, во кои Соломон ги изгради двете згради, Господовиот Дом и царскиот дворец,

11. а Хирам, царот на Тир, му набавуваше кедрово и чемпресово дрво, и злато колку што сакаше, тогаш царот Соломон му даде на Хирама дваесет градови во Галилејската Земја.

12. Хирам излезе од Тир за да ги види градовите што му ги подари Соломон, ама не му се допаднаа.

13. И рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате?” И оттогаш ги викаат „Земја Кабул” до денешниот ден.

14. А Хирам му беше испратил на царот сто и дваесет златни таланти.

15. Вака беше со принудната работа што Соломон ја создаде за да ги изгради Господовиот Дом, својот дворец, Милон и ѕидовите на Ерусалим, Хасор, Мегидон и Гезер.

16. Фараонот, египетскиот цар, тргна во воен поход, го освои Гезер, ги изгоре и ги погуби Хананците кои што живееја таму, потоа и го даде градот како свадбен подарок на својата ќерка, Соломоновата жена,

17. а Соломон ги обнови Гезер, Долниот Вет Орон,

18. Валат, Тадмор во пустината во земјата,

19. сите градови - складови што ги имаше Соломон, градовите за бојни коли, и градовите за коњицата, и сè што Соломон сакаше да изгради во Ерусалим, на Ливан и во сите земји што му беа подвластени.

20. На сите други: на Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци,

21. на синовите нивни што останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа, Соломон им наметна тежок данок до денешниот ден.

22. Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови, туку тие му беа воини, дворјанци, војсководачи, триесетници, заповедници на неговите бојни коли и на коњицата.

23. А еве ги надзорниците кои што управуваа со Соломоновите работи: нив пет стотини и педесет, кои му заповедаа на народот вработен во работите.

24. Штом фараоновата ќерка влезе од Давидовиот Град во куќата што Соломон и ја беше изградил, тогаш тој го изгради Мило.

25. Соломон трипати годишно принесуваше паленици и помирителни жртви на жртвеникот што Му го подигна на Господа, кадеше пред Господа. Така го доврши Храмот.

26. Царот Соломон изгради бродови во Есион Гавер, што е покрај Елот, на брегот на Црвеното Море, во Едомската Земја.

27. Хирам испрати на тие бродови свои слуги, морнари кои го познаваа морето, со Соломоновите слуги.

28. Тие отпловија во Офир, зедоа оттаму четири стотини и дваесет таланти злато и му ги донесоа на царот Соломон.