Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 9:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Соломон го доврши градењето на Господовиот Дом, на царскиот дворец и на сè што науми да гради,

2. Господ му се јави и по вторпат на Соломона, како што му се јави во Гаваон.

3. Господ му рече: „Ги послушав молитвата и просењето што Ми ги упати. Го посветив овој Дом, што го градеше за да престојува во него Моето Име довека; Моите очи и срцето ќе бидат тука секогаш.

4. А ти, ако одиш пред Мене како што одеше твојот татко Давид, во невиноста на срцето и во праведност, ако постапуваш во сè како што ти заповедав, и ако ги пазиш Моите закони и Моите наредби,

5. Јас ќе го зацврстам засекогаш твојот царски престол над Израел, како што му ветив на твојот татко Давид кога му реков: ‘Никогаш нема да ти снема наследник на Израелевиот престол.’

6. Но ако Ме оставите, вие и вашите синови, ако не ги пазите Моите заповеди и закони што ви ги дадов, ако се свртите кон боговите, и ако им служите и им се клањате,

7. тогаш ќе го истребам Израел од земјата што му ја дадов; овој Дом, што му го посветив на Моето Име, ќе го отфрлам од Себе, и Израел ќе биде за презир и за потсмев на сите народи.

8. Овој Дом е возвишен, ама сите кои што ќе поминуваат покрај него ќе бидат вчудоневидени; ќе свират со уста и ќе зборуваат: ‘Зошто Господ направи така со оваа земја и со овој Дом?’

9. А ќе им се рече: ‘Зашто Го оставија Господа, својот Бог, Кој ги изведе нивните татковци од Египет, а им се приклонија на други богови, ги честеа и им служеа, затоа Господ ги пушти сите овие зла врз нив.’”

10. После дваесет години, во кои Соломон ги изгради двете згради, Господовиот Дом и царскиот дворец,

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 9