Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 5:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Тогаш царот Соломон собра бесплатни трудбеници од сиот Израел; неплатени работници беа вкупно триесет илјади луѓе.

14. Ги праќаше наизменично, секој месец по десет илјади луѓе беа еден месец на Ливан, а два месеца дома. Адонирам беше над сите бесплатни работници.

15. Соломон имаше и седумдесет илјади носачи на товар, осумдесет илјади каменоресци во гората,

16. не сметајќи ги службеничките главатари кои управуваа со работите; нив ги имаше три илјади и три стотини, а управуваа со народот вработен на работите.

17. Царот заповеда да кршат големи делови од одбран камен и да ги делкаат за основите на Храмот.

18. Соломоновите и Хирамовите градители, и оние од Гивлеа, копаничареа и подготвуваа дрво и делкаа за изградбата на Храмот.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 5