Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 4:23-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. десет згоени волови, дваесет волови од пасиште, стотина овци, освен елени, срни, диви кози и згоена живина.

24. Зашто тој владееше над сè одваму Реката - од Тафсе до Газа, над сите цареви отаде Реката (Еуфрат) и имаше мир на сите граници наоколу.

25. Јуда и сиот Израел живееја без страв, секој под својата лоза и под својата смоква, од Дан до Вирсавеа, во текот на сиот Соломонов век.

26. Соломон имаше четириесет илјади коњи за влечење и дванаесет илјади за јавање.

27. Тие намесници се грижеа за снабдување на царот Соломон и на сите што имаа дел на царскиот стол, секој по месец дена; и не дозволуваше ништо да подснема.

28. И јачмен и слама за коњите и за влечниот добиток донесуваа на местото каде што се задржуваше, секој како што ќе му паднеше.

29. Господ му даде на Соломона мудрост и исклучителна разумност, и срце широко како песок на морскиот брег.

30. Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите Израелеви синови и од сета мудрост на Египет.

31. Беше помудар од сите луѓе, од Етан Езраит, од Еман, од Халкол и од Дарда, синовите Меолови; името му се расчу меѓу сите народи наоколу.

32. Изрече три илјади мудри изреки, а неговите песни беа илјада и пет.

33. Зборуваше за дрвата: од кедерот што е на Ливан па до ленот што ‘ртее на ѕид; расправаше за животните, за птиците, за лазачите и за рибите.

34. Доаѓаа од сите народи за да ја чујат Соломоновата мудрост, од сите земски цареви, кои што го чуја гласот за неговата мудрост.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 4