поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22

Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Царот Соломон беше цар над сиот Израел,

2. а еве ги неговите првенци: Азариј, синот Садоков, свештеник;

3. Елиореф и Ахиј, синовите Сисини, летописци; Јосафат, синот Ахилудов, советник;

4. Венаја, синот Јодаев, војсководач; Садок и Авијатар, свештеници;

5. Азариј, синот Натанов, беше над намесниците; Завуд, синот Натанов, царев пријател;

6. Ахисар, управител на дворецот; Елијав, синот Јоевов, заповедник на војската; Адонирам, синот Авдин, настојник над трудбениците.

7. Соломон имаше по сиот Израел дванаесет намесници, кои што ги снабдуваа царот и неговиот дом; секому му доаѓаше ред по еден месец во годината да го подмирува тоа издржување.

8. Еве ги нивните имиња: синот Уров во Ефремовата Гора;

9. синот Декеров во Макаса, во Салвим, во Вет Семес, во Елон до Вет Ханан;

10. синот Еседов, во Арувот; под него беше Сохо и сиот Еферски крај;

11. синот Авинадавов, над сето Дорско Окружје; жена му беше Тафе, Соломонова ќерка,

12. Вана, синот Ахилудов, во Тенахом и во Мегидон, и во сиот Вет Сан, што е покрај Сартана подолу од Езраел, од Вет Сана до Авел Меол, и до преку Јокмеам.

13. синот Геверов во Галадскиот Рамот; негови беа селата на Јаир, синот Манасиев, што се во Галад; го имаше и подрачјето Аргов што лежи во Васан, шеесет тврди градови, опашани со ѕидови и со бронзени лостови;

14. Ахинадав, синот Идов, во Маханаим;

15. Ахимас во Нефталим; и тој се ожени со една Соломонова ќерка - со Васемата.

16. Ванес, синот Хусаев, во Асир и на висорамнините;

17. Јосафат, синот Фаруин, во Исахар;

18. Симеј, синот Илин, во Венијамин;

19. Гевер, синот Уриев во земјата Галад, земјата на Сион, аморејскиот цар, и на Ог, васанскиот цар. Освен тоа беше уште еден намесник во земјата.

20. Јуда и Израел беа многубројни, беа како песок на морскиот брег. Јадеа и пиеја и беа среќни.

21. Соломон ја прошири својата власт над сите царства од Реката сè до Филистејската Земја и до египетската меѓа. Тие го донесуваа својот данок и му служеа на Соломона во сите денови на неговиот живот.

22. Секој ден му требаше на Соломона за храна: триесет кори чисто брашно и шеесет кори обично брашно,

23. десет згоени волови, дваесет волови од пасиште, стотина овци, освен елени, срни, диви кози и згоена живина.

24. Зашто тој владееше над сè одваму Реката - од Тафсе до Газа, над сите цареви отаде Реката (Еуфрат) и имаше мир на сите граници наоколу.

25. Јуда и сиот Израел живееја без страв, секој под својата лоза и под својата смоква, од Дан до Вирсавеа, во текот на сиот Соломонов век.

26. Соломон имаше четириесет илјади коњи за влечење и дванаесет илјади за јавање.

27. Тие намесници се грижеа за снабдување на царот Соломон и на сите што имаа дел на царскиот стол, секој по месец дена; и не дозволуваше ништо да подснема.

28. И јачмен и слама за коњите и за влечниот добиток донесуваа на местото каде што се задржуваше, секој како што ќе му паднеше.

29. Господ му даде на Соломона мудрост и исклучителна разумност, и срце широко како песок на морскиот брег.

30. Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите Израелеви синови и од сета мудрост на Египет.

31. Беше помудар од сите луѓе, од Етан Езраит, од Еман, од Халкол и од Дарда, синовите Меолови; името му се расчу меѓу сите народи наоколу.

32. Изрече три илјади мудри изреки, а неговите песни беа илјада и пет.

33. Зборуваше за дрвата: од кедерот што е на Ливан па до ленот што ‘ртее на ѕид; расправаше за животните, за птиците, за лазачите и за рибите.

34. Доаѓаа од сите народи за да ја чујат Соломоновата мудрост, од сите земски цареви, кои што го чуја гласот за неговата мудрост.