Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 3:22-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!” А првата и одговори: „Не е вистина! Твој син е оној кој е мртов, а мојот е оној што е жив!” И така се препираа пред царот.

23. А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’

24. Донесте меч!” нареди царот. И донесоа меч пред царот,

25. а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.”

26. Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека и биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!” А онаа - другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!”

27. Тогаш царот проговори и рече: „Дајте и го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка.”

28. Сиот Израел ја чу пресудата што ја изрече царот, и го почитуваа царот, зашто видоа дека во него е Божја мудрост во изречувањето на правдата.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 3