Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 3:17-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.

18. А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.

19. Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него.

20. И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене, додека твојата слугинка спиеше, и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене.

21. А кога утрото станав да го надојам својот син, ете: тој беше мртов! И кога погледнав внимателно, разбрав: тоа не е мојот син кого што јас го родив!”

22. Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!” А првата и одговори: „Не е вистина! Твој син е оној кој е мртов, а мојот е оној што е жив!” И така се препираа пред царот.

23. А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’

24. Донесте меч!” нареди царот. И донесоа меч пред царот,

25. а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 3