Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 21:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По тие настани се случи ова: Езраелецот Навутеј имаше лозје во Езраел покрај дворецот на Ахава, самарискиот цар,

2. и Ахав му рече на Навутеја: „Отстапи ми го своето лозје, да ми биде зеленчукова градина, зашто е близу до мојата куќа. Јас ќе ти дадам за него подобро лозје, или, ако го сакаш тоа, ќе ти дадам сребреници колку што чини.”

3. Но Навутеј му рече на Ахава: „Господ да ме запази од тоа да ти го отстапам наследството на своите татковци!”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 21