Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 4:14-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Кога Илија ја чу виката, праша: „Каква е таа голема викотница?” Човекот поита и дојде да го извести Илија.

15. А Илија беше тогаш на деведесет и осум години, очите му беа помрачени, та веќе ништо не гледаше.

16. Човекот му рече на Илија: „Доаѓам од боиштето, денес избегав од бојот.” Тогаш старецот праша: „Што се случило, сине?”

17. Гласникот одговори: „Израел избега пред Филистејците, тоа беше голем пораз за народот, и уште двата твои сина загинаа, и Божјиот Ковчег е грабнат!”

18. Кога го спомна Божјиот Ковчег, Илија падна од столицата назад покрај вратата, го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок човек. Беше судија во Израел четириесет години.

19. Неговата снаа, Финесовата жена, беше трудна и пред породување. Кога чу дека е грабнат Божјиот Ковчег и дека умре нејзиниот свекор и дека загина нејзиниот маж, се свитка и роди, зашто наеднаш ја опфатија породилни болки.

20. Бидејќи беше на умирање, жените, кои што стоеја околу неа и рекоа: „Биди без грижа, зашто роди син!” Ама таа не одговори ниту обрна внимание.

21. На детето му го даде името Ихавод (неславен), велејќи: „Славата си отиде од Израел.” Со тоа мислеше на грабнатиот Божји Ковчег и на својот свекор и на својот маж.

22. Затоа рече: „Славата си отиде од Израел,” зашто е одземен Божјиот Ковчег.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 4