Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 28:22-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Затоа сега послушај го и ти зборот на својата слугинка: дозволи да ти пружам залак леб; јади, за да ти се врати силата та да можеш да тргнеш по својот пат.”

23. Но тој нејќеше, туку рече: „Не ќе јадам!” Ама кога го зафатија неговите слуги, заедно со жената, ги послуша, стана од земјата и седна на постелата.

24. Жената имаше дома теле за гоење. Го закла брзо, потоа зеде брашно, го замеси и испече бесквасен леб.

25. Потоа стави сè пред Саула и пред неговите луѓе. Откако јадоа, станаа и уште во истата ноќ тргнаа назад.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 28