Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 2:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Немојте така, синови мои! Не се добри гласовите што ги слушам... го соблазнувате Господовиот народ.

25. Ако човек му згреши на човека, Господ ќе пресуди. Но ако човек Му згреши на Господа, кој ќе се заземе за него?” Ама синовите не го послушаа гласот на својот татко, зашто Господ беше одлучил да ги погуби.

26. А детето Самоил сè повеќе растеше и придобиваше благонаклоност и пред Господа и пред луѓето.

27. Тогаш дојде еден Божји човек при Илија и му рече: „Господ зборува вака: ‘Нели му се јавив јасно на домот на твојот татко кога беа во Египет, во домот на фараонот?

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 2