Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 16:4-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Самоил направи како што му рече Господ. Кога дојде во Витлеем, градските старешини му дојдоа треперејќи во пресрет и го прашаа: „Значи ли мир твоето доаѓање?”

5. Самоил одговори: „Да, мир! Дојдов да Му жртвувам на Господа. Очистете се и дојдете со мене на жртвата!” Потоа ги очисти Јесеја и неговите синови и ги повика на жртва.

6. Кога дојдоа и кога Самоил го виде Елијав, си рече во себеси: „Без сомнение, еве пред Господа стои Неговиот помазаник!”

7. Но Господ му рече на Самоила: „Не гледај на неговата надворешност, ни на неговиот висок раст, зашто го отфрлив. Бог не гледа како што гледа човекот: човекот гледа на лице, а Господ гледа што е во срцето.”

8. Потоа Јесеј го повика Авинадава и го доведе пред Самоила. А тој рече: „Господ не го избра ни овој.”

9. Тогаш Јесеј го доведе Сама, ама Самоил рече: „Господ не го избра ни овој.”

10. Така Јесеј ги доведе своите седум синови пред Самоила, ама Самоил рече: „Господ не избра ниеден од овие.”

11. Потоа го праша Јесеја: „Дали се тоа сите твои синови?” А тој одговори: „Остана најмладиот, тој е на пасиште, по стадото.” Тогаш Самоил му рече на Јесеја: „Испрати по него, зашто нема да седнам покрај столот додека тој не дојде.”

12. Јесеј испрати по него: тоа беше румен момок, со убави очи и убава става. И Господ му рече на Самоила; „Стани помажи го: тој е!”

13. Самоил го зеде рогот со маслото, и го помаза среде неговите браќа. Господовиот Дух го опфати Давида од оној ден. А Самоил тргна на пат и отиде во Рама.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 16