Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 11:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Потоа им рече на пратените кои што беа дошле: „Вака речете им на јависците во Галад: ‘Утре кога сонцето ќе припече, ќе ви стигне помош.’” Кога посланиците се вратија, им го јавија сè тоа на јависците, и тие се зарадуваа.

10. И му порачаа на Наас: „Утре ќе излеземе кон вас, па направете со нас како што ќе ви биде мило.”

11. Утреден Саул го раздели народот во три чети, кои навлегоа во логорот при утринската стража, и ги поразија Амонците под најголемата дневна жега; а тие што останаа живи се распрснаа така што ни двајца не останаа заедно.

12. Тогаш народот му рече на Самоила: „Кој е оној што зборуваше: ‘Зар Саул ќе царува над нас?’ Дајте ги тие луѓе за да ги погубиме!”

13. Ама Саул одговори: „Нека никој не биде погубен во овој ден, зашто денес Господ извојува победа во Израел.”

14. Тогаш Самоил му рече на народот: „Ајде во Галгал, таму да го потврдиме царството.”

15. И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 11