поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Од прилика по месец дена Амонецот Наас дојде и се влогори кај Галадовиот Јавис. Сите јависци му порачаа на Наас: „Склучи сојуз со нас, па ќе ти се покориме.”

2. Но Амонецот Наас одговори: „Вака ќе склучам сојуз со вас: на секој од вас ќе му го извадам десното око, и така ќе му направам срам на сиот Израел.”

3. А јависките старешини му рекоа: „Остави ни седум денови, за да испратиме гласници во сите Израелеви краеви, па ако не се најде никој за да нè избави, ќе ти се предадеме тебе.”

4. И пратениците дојдоа во Саулова Гаваја па му изложија сè на народот за да чуе. Тогаш сиот народ заплака со висок глас.

5. А ете, Саул токму одеше по добитокот од полето, па праша: „Што им е на луѓето па плачат?” И му раскажаа што рекоа јависците.

6. Кога Саул ги чу тие зборови, Господовиот Дух слезе на него, и силен гнев зовре во него.

7. И тој зеде два вола, ги насече, и деловите ги испрати по пратеници во сите Израелеви краишта и порача: „Кој не ќе тргне по Саула, вака ќе биде со неговите говеда.” И Божјиот страв ги опфати луѓето, па тргнаа како еден човек.

8. Саул ги преброја во Везек: и имаше Израелеви синови три стотини илјади, а Јудини луѓе триесет илјади.

9. Потоа им рече на пратените кои што беа дошле: „Вака речете им на јависците во Галад: ‘Утре кога сонцето ќе припече, ќе ви стигне помош.’” Кога посланиците се вратија, им го јавија сè тоа на јависците, и тие се зарадуваа.

10. И му порачаа на Наас: „Утре ќе излеземе кон вас, па направете со нас како што ќе ви биде мило.”

11. Утреден Саул го раздели народот во три чети, кои навлегоа во логорот при утринската стража, и ги поразија Амонците под најголемата дневна жега; а тие што останаа живи се распрснаа така што ни двајца не останаа заедно.

12. Тогаш народот му рече на Самоила: „Кој е оној што зборуваше: ‘Зар Саул ќе царува над нас?’ Дајте ги тие луѓе за да ги погубиме!”

13. Ама Саул одговори: „Нека никој не биде погубен во овој ден, зашто денес Господ извојува победа во Израел.”

14. Тогаш Самоил му рече на народот: „Ајде во Галгал, таму да го потврдиме царството.”

15. И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.