1. Јудини синови беа: Фарес, Есрон, Хармиј, Ор и Совал.
2. На Соваловиот син Реај му се роди Јат, а на Јата му се родија Ахумај и Лад. Тоа се Саратските родови.
3. Ова се синовите од таткото Итам: Езраел, Есма и Едвас, а името на нивната сестра и беше Аселелфонија.
4. Фануил му беше татко на Гедор, а Есер му беше татко на Хус. Тоа беа синови на Ор, првенецот на Ефрат, таткото на Витлеем.