Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 27:29-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Надгледувач над говедата што пасеа во Сарон беше Саронецот Ситрај. Надгледувач над крупниот добиток во долините беше Адлаевиот син Сафат.

30. Надгледувач над камилите Исмаилецот Овил. Надгледувач над магарињата Меронотецот Једај.

31. Надгледувач над ситниот добиток (овците) Агарецот Јазиз. Сите тие беа настојатели над имотот на царот Давид.

32. Советник беше Давидовиот стрико Јонатан, мудар човек; беше и книжевник; а Ахмониевиот син Јехил беше со царските синови.

33. Ахитофел беше царски советник, Архиецот Хусај царев пријател.

34. Ахитофела го наследија Венаиниот син Јодај и Авијатар, Јоав беше царев военачалник.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 27