поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29

Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Израелевите синови според својот број. Главатарите на семејствата, илјадниците, стотниците и надгледувачите му служеа на царот во секоја работа. Доаѓаа и си одеа во одреди од месец до месец, во сите годишни месеци; секој одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.

2. Над првиот одред, во првиот месец, беше синот Завдилов Јасовеам. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.

3. Им припаѓаше на Фаресовите синови и беше заповедник на сите военачалници во војската на првиот месец.

4. Над одредот во вториот месец беше Ахошецот Додај, а военачалник во неговиот одред беше Миклот. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади луѓе.

5. Военачалник на третата војска, на третиот месец, беше синот на свештеникот Јодај, главатарот Венај. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.

6. Тој Венај беше јунак меѓу трисетмината и над триесетмината, и во неговиот одред беше син му Амизавад.

7. Четвртиот, во четвртиот месец, беше братот Јоавов Асаил, а по него син му Зевадиј. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.

8. Петтиот, во петтиот месец, беше военачалник Езраелецот Самут, и во неговиот одред беа дваесет и четири илјади.

9. Шести, во шестиот месец, беше Икисовиот син Ира, Текоанец.

10. Седмиот, во седмиот месец, беше Фелонецот Хелис, од Ефремовите синови. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.

11. Осмиот, во осмиот месец, беше Хусатецот Сивехај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.

12. Деветтиот, во деветтиот месец, беше Анатотецот Авиезер, Венијаминец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.

13. Десеттиот, во десеттиот месец, беше Нетофатецот Марај, Зариевец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.

14. Единаесеттиот, во единаесеттиот месец, беше Фаратонецот Венај, Ефремовец. Во својот ред имаше дваесет и четири илјади.

15. Дванаесеттиот, во дванаесеттиот месец, беше Нетофатецот Хелдај, Готонилец. Во својот одред имаше дваесет и четири илјади.

16. Над Израелевите племиња кнезови беа: над Рувимовото Зихриевиот син кнезот Елиезер; над Симеоновото Машиниот син Сефатиј;

17. над Левиевото Кемуиловиот син Асавиј; над Ароновото Садок;

18. над Јудиното Елуиј од Давидовите браќа; над Исахаровото синот Михаилов Амриј;

19. над Завулоновото синот на Овадиј, Исмај; над Нефталимовото Јеремот, синот Азрилов.

20. Над Ефремовите синови Исус синот Азазиев; над половината Манасиево племе Федаиниот син Јоил,

21. над втората половина на Манасиевото племе во Галад синот Захариев Идо; над Венијаминовото Авенировиот син Јасил.

22. Над Дановото Јероамовиот син Азареил. Тоа беа кнезовите над израелските племиња.

23. Но Давид не даде да ги пребројат оние на кои им беа дваесет години и помалку, зашто Господ беше рекол дека ќе ги умножи како небеските ѕвезди.

24. Серуиниот син Јоав почна да врши попис, но не го заврши. Затоа гневот дојде врз Израел, и затоа тој број не беше примен во бројниот извештај на Летописот на царот Давид.

25. Настојател над царското сокровиште беше Адиловиот син Азмавет, а настојател над ризницата во земјата, во градовите, во селата и во тврдините, беше Озииниот син Јонатан.

26. Надгледувач над полските работници, кои ја обработуваа земјата, беше Езриј синот Хелувов.

27. Надгледувач над лозарите Раматецот Симеј. Надгледувач над приходот на лозјата, за внесување на вино, беше Сифмеецот Завдиј.

28. Надгледувач над маслинките и над црниците што се во Шефел беше Гедерецот Валанин; надгледувач над складиштата за масло Јоас.

29. Надгледувач над говедата што пасеа во Сарон беше Саронецот Ситрај. Надгледувач над крупниот добиток во долините беше Адлаевиот син Сафат.

30. Надгледувач над камилите Исмаилецот Овил. Надгледувач над магарињата Меронотецот Једај.

31. Надгледувач над ситниот добиток (овците) Агарецот Јазиз. Сите тие беа настојатели над имотот на царот Давид.

32. Советник беше Давидовиот стрико Јонатан, мудар човек; беше и книжевник; а Ахмониевиот син Јехил беше со царските синови.

33. Ахитофел беше царски советник, Архиецот Хусај царев пријател.

34. Ахитофела го наследија Венаиниот син Јодај и Авијатар, Јоав беше царев военачалник.