5. Сите тие му беа синови на царскиот гледач Еман, кој ги објавуваше Божјите работи за да ја возвиси Неговата сила; а Бог му даде на Емана четиринаесет синови и три ќерки.
6. Сите тие под водство на својот татко Асаф, та Једутун и Еман, пееја во Господовиот Дом, со кимвали, псалтири и гуслиња, по царска повелба.
7. Беа, со нивните браќа, извежбани во пеење на Господови песни, двеста осумдесет и осум, сите беа вешти во тоа.
8. Фрлија жрепки за својата службена должност, најмалиот исто како и најголемиот, учителот како и ученикот.
9. Првата жрепка падна на Асафовиот Јосиф, втората на Гедалиј со неговите браќа и со синовите, нив дванаесет;
10. третата на Захур со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
11. четвртата на Исриј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
12. петтата на Нетаниј со неговите синови и со браќата, нив дванаесет;
13. шестата на Вукиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
14. седмата на Есарил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
15. осмата на Есаиј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
16. деветтата на Матаниј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
17. десеттата на Симеј со неговите синови и браќа, нив дванаесет;
18. единаесеттата на Азереил со неговите синови и браќа, нив дванаесет;