поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29

Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце.

2. Ги порази и Моавците, и тие станаа Давидови поданици кои му донесуваа данок.

3. Давид го порази и Адад-Езера, совскиот цар во Емат, кога излезе да ја утврди својата власт до реката Еуфрат.

4. Давид зароби од него илјада бојни коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги пресече петичните жили на сите коњи на бојните коли, остави само сто.

5. Дамаските Арамејци му беа дошле на помош на Адад-Езер, ама Давид погуби меѓу Арамејците дваесет и две илјади луѓе.

6. Постави намесник во Арамејскиот Дамаск. Така Арамејците станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.

7. Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.

8. И од Адад-Езеровите градови Тиват и Хун однесе многу бронза, од која Соломон го направи бронзеното море, столбовите и бронзените посатки.

9. Кога ематскиот цар Тој чу дека Давид ја порази целата војска на Адад-Езера, совскиот цар,

10. му го испрати на Давида својот син Адорам за да го поздрави и за да му честита, зашто војуваше против Адад-Езера и зашто го порази, бидејќи Тој беше во војна со Адад-Езер; и за да му однесе секакви златни, сребрени и бронзени предмети.

11. И нив Давид му ги посвети на Господа со среброто и златото што го имаше земено од сите народи, од Едомците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците.

12. Серуиниот син Ависај погуби осумнаесет илјади Едемци во Солената Долина.

13. Давид постави намесници по Едом. Така сите Едомци станаа Давидови слуги. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.

14. Давид царуваше над сиот Израел правејќи му право и правда на сиот свој народ.

15. Серуиниот син Јоав беше заповедик на војската; синот Ахилудов беше таен советник.

16. Синот Ахитовов Садок и синот Авимелехов беа свештеници, Суса писар.

17. Синот Јодаев Венаја беше над Херетците и над Фелетците, а Давидовите синови беа први до царот.