5. Елузај, Еримот, Валиј, Семариј и Сефатиј Аруфец;
6. Елкана, Есиј, Азареил, Јоезер и Јасовеам, Кореовци;
7. Јоил и Зевадиј, синови на Јероам Гедорец.
8. Некои Гадовци преминаа кон Давида во тврдината во пустината, храбри јунаци, воини, вешти на бој, вооружени со штит и со копје; лицата им беа како лавски, а беа брзи како срни по горите:
9. началникот Есер, втор Овадиј, трет Елијав;
10. четврти Мисман, петти Еремиј,
11. шести Атај, седми Елил;
12. осми Јоанан, деветти Елзавал,
13. десетти Еремиј, единаесетти Мохванај.
14. Тоа беа воени старешини од Гадовите синови, најмалиот над стотина, а најголемиот над илјада.
15. Тоа се оние кои во првиот месец преминаа преку Јордан, кога се разлеа преку сите свои брегови, и кои ги растераа сите жители од длабоките долини на исток и на запад.