Стар Завет

Нов Завет

1 Летописи 10:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Така во оној ден загинаа заедно Саул, неговите три сина и сиот негов дом.

7. Кога сите Израелци, кои беа во долината, видоа дека Израелевите синови избегаа и дека загина Саул со синовите, ги оставија своите градови и се разбегаа. Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8. Кога утреден Филистејците дојдоа за да ги ограбат убиените, ги најдоа Саула со неговите синови каде лежат мртви на гората Гелвуј.

9. Откако го соблекоа, му ги зедоа главата и оружјето та ги испратија по Филистејската Земја наоколу јавувајќи им ја веста на своите идоли и на народот.

10. Потоа оружјето го ставија во храмот на својот бог, а черепот му го изложија во Дагоновиот храм.

11. Кога слушнаа сите во Галадскиот Јавис што направија Филистејците со Саула,

12. станаа сите храбри луѓе и ги зедоа Сауловото мртво тело и телата на неговите синови и, откако ги донесоа во Јавис, ги погребаа нивните коски под дабот во Јавис; и постеа седум дена.

13. Така загина Саул за своето беззаконие, кое го направи пред Господа: не ги пазеше Господовите заповеди, и врз тоа ја праша за совет бајачката,

14. а не Го праша Господа; затоа го уби и го пренесе царството на Јесеевиот син Давид.

Прочитајте целосна глава 1 Летописи 10