Стар Завет

Нов Завет

Тит 2:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе,

12. која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век,

13. очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос,

14. Кој се даде Самиот Себе место нас, за да нè избави од секакво беззаконие и да очисти за Себе сопствен народ, кој Му припаѓа, кој ревнува за добрите дела.

15. Зборувај го ова и опоменувај, и изобличувај со целосна власт. Никој да не те презира!

Прочитајте целосна глава Тит 2