1. Павле, Божјиот слуга и апостол на Исуса Христа, според верата на Божјите избраници и познавањето на вистината, која е според побожноста,
2. во надежта за вечен живот, што пред вечни времиња го вети Бог, Кој не лаже,
3. а во свое време го јави Своето Слово преку прогласувањето, што ми е доверено мене според заповедта на Бога, нашиот Спасител - до Тит, вистинското чедо на заедничката вера:
4. благодат, милост и мир од Бог Таткото и Господа Исуса Христа, нашиот Спасител.
5. Затоа те оставив на Крит, за да го средиш несвршеното и за да поставиш старешини по сите градови, како што ти наредив:
6. ако е некој непорочен, маж на една жена, ако има деца кои веруваат, кои не се обвинети заради разузданост или непокорност;
7. зашто епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен: не самољубив, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за срамна печалба,