Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 6:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,

7. зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.

8. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,

9. зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.

10. Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.

11. Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!

Прочитајте целосна глава Римјаните 6