Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 6:5-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.

6. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,

7. зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.

8. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,

9. зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.

10. Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.

11. Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!

12. И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби!

13. И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!

14. Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.

15. Па што? Да грешиме ли, зашто не сме под Законот, а под благодатта? Да не биде!

16. Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?

17. Но благодарејќи Му на Бога, зашто вие, откако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сè срце на примерот на науката, на која и бевте предадени

18. па така, ослободени од гревот, станавте слуги на правдата.

19. Зборувам по човечки заради слабоста на вашето тело: како што некогаш ги предадовте вашите членови да им служат на нечистотата и на беззаконието, за беззаконство; така сега предадете ги вашите членови да и служат на правдата, за осветување!

20. Зашто, кога бевте робови на гревот, бевте слободни од правдата.

21. А каков плод имавте тогаш, од оние работи, заради кои се срамите денес, зашто нивниот крај е смртта?!

Прочитајте целосна глава Римјаните 6