Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 6:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.

5. Зашто ако сме соединети со Него во смртта слична на Неговата, ќе бидеме и во воскресението слично на Неговото.

6. Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со Него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот,

7. зашто тој кој умрел, е оправдан од гревот.

8. А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него,

9. зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.

10. Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.

11. Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!

12. И така, нека не царува гревот во вашето смртно тело, па да ги слушате неговите страсни желби!

13. И не давајте му ги вашите членови на гревот за оружје на неправдата, туку предавајте Му се сами себеси на Бога, како оживени од мртвите, а вашите членови на Бога за оружје на правдата!

14. Имено, гревот не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под Законот, туку под благодатта.

Прочитајте целосна глава Римјаните 6