16. Поздравете се еден со друг со свет целив! Ве поздравуваат сите Христови цркви.
17. Ве молам, браќа, пазете се од оние, кои прават раздори и соблазни против науката, која вие ја научивте, и отстранувајте се од нив!
18. Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот желудник, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19. Вашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам со вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а прости за злото!
20. А Бог на мирот ќе го сотре наскоро сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со вас. Амин!
21. Ве поздравуваат: мојот соработник Тимотеј и моите роднини: Луциј, Јасон и Сосипатар.
22. Ве поздравувам во Господа јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.
23. Ве поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Ве поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт.
24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас!
25. А на Оној, кој може да ве утврди преку моето Евангелие и проповедта за Исуса Христа, преку откровението на тајната, за која се молчеше од вечни времиња;
26. а сега се јавила и по заповедта на вечниот Бог, а преку пророчките списи, соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата,
27. - на единствениот премудар Бог да биде слава - преку Исуса Христа - во сите векови. Амин!