Стар Завет

Нов Завет

Римјаните 16:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ви ја препорачувам нашата сестра Фива, која е на служба во црквата во Кенхреа:

2. да ја примите во Господа, како што им прилега на светите, и помогнете и во сè, во што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина и на мене самиот.

3. Поздравете ги моите соработници во Христа Исуса: Прискила и Акила,

4. кои ги подметнаа своите вратови за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви од народите,

5. и црквата во нивниот дом! Поздравете го мојот возљубен Епенет, кој е првиот плод за Христа од Азија!

6. Поздравете ја Марија, која се трудеше многу за вас!

7. Поздравете ги Андроника и Јунија, моите роднини и другари во заточеништвото; кои се угледни меѓу апостолите и кои поверуваа во Христа пред мене.

8. Поздравете го мојот возљубен во Господа Амплија!

9. Поздравете ги: нашиот сотрудник во Христа - Урбан и мојот возљубен Стахиј!

10. Поздравете го Апелиј, испитаниот во Христа! Поздравете ги оние од кружокот на Аристовулови!

11. Поздравете го мојот роднина Иродион! Поздравете ги оние и од Наркисовиот кружок, кои се во Господа!

Прочитајте целосна глава Римјаните 16