3. Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не и се покорија на Божјата правда.
4. Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува.
5. Зашто, Мојсеј пишува за праведноста, која е од Законот: „Човекот, кој ја исполнува, ќе живее од неа.”
6. А праведноста, која е од верата, зборува вака: „Да не речеш во своето срце: „Кој ќе се искачи на небото?” односно, да Го симне Христа;
7. или: „Кој ќе слезе во бездната?” односно, да Го изведе Христа од мртвите!