Стар Завет

Нов Завет

Откровение 6:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И видов, и ете, сив коњ, а на оној, кој седеше на него името му беше смрт, и Подземјето идеше по него, и ним им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч и со глад и со помор и со дивите ѕверови на земјата.

9. И кога го отвори петтиот печат, ги видов под жртвеникот душите на закланите заради Божјото слово и заради сведоштвото што го имаа.

10. И извикаа со силен глас, велејќи: „До кога, свет и вистински Господару нема да судиш и да ја одмаздиш нашата крв над оние, кои живеат на земјата?”

11. И на секого од нив му беше дадена бела облека и им беше речено да починат уште малку време, додека не биде исполнет бројот на нивните сослужители и браќа, кои ќе бидат убиени како и тие.

12. И видов кога го отвори шестиот печат, и се збидна голем земјотрес; и сонцето поцрне како вреќа од кострет, а целата месечина стана како крв,

13. и небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што смоквата ги стресува своите незрели плодови, кога ќе ја затресе силен ветер;

14. и небото се истрга како книга што се свиткува; и сите гори и сите острови се поместија од своите места.

15. И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободник се сокрија во пештерите и по горските камењари,

Прочитајте целосна глава Откровение 6