11. и имаше Божја слава, и нејзината светлина беше слична на многу скапоцен камен, на кристално проѕирниот камен јаспис.
12. Имаше голем и висок ѕид со дванаесет порти, а на портите дванаесет ангели и напишани имиња, а тоа се имињата на дванаесетте племиња на Израелевите синови.
13. Од исток три порти, и од север три порти, и од југ три порти, и од запад три порти.
14. А градскиот ѕид имаше дванаесет основи и на нив дванаесет имиња на дванаесетте апостоли на Јагнето.
15. А оној, кој зборуваше со мене имаше златна трска, за да го измери градот и нејзините врати и нејзиниот ѕид.
16. Градот пак лежи четриаголно, а должината му е колку и широчината. И го измери градот со трската: дванаесет илјади стадии; нејзиниот должина и широчина и височина беа еднакви.
17. И го измери неговиот ѕид: сто четириесет и четири лакти по човечка мерка, која е и ангелска.
18. Нејзиниот ѕид беше изграден од јаспис, а градот од чисто злато, како чисто стакло.
19. Основите на градскиот ѕид беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првата основа е од јаспис, втората - сафир, третата - халкидон, четвртата - смарагд;