Стар Завет

Нов Завет

Откровение 21:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море немаше веќе.

2. Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж.

3. И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив,

4. и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.

5. И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”

6. И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот.

7. Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.

Прочитајте целосна глава Откровение 21