Стар Завет

Нов Завет

Откровение 2:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И на ангелот на црквата во Смирна напиши му: „Ова го зборува Првиот и Последниот, Кој умре и оживе:

9. ги знам твоите дела неволјата и сиромаштвото - но ти си богат - и хулите на оние, кои зборуваат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска синагога.

10. Не бој се од она, што ќе претрпиш. Ете, ѓаволот ќе фрли некои од вас во темница, за да бидете искушувани, и ќе бидете во неволја десет дни. Биди верен до смрт и ќе ти дадам круната на животот.

11. Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „ На оној кој победува - втората смрт нема да му нанесе штета.”

12. На ангелот на црквата во Пергам напиши му: „Ова го вели Оној, Кој има меч остар од двете страни:

13. ги знам делата твои, и каде живееш, каде е престолот на сатаната; и го држиш Моето име, и не се одрече од верата во Мене, ни во деновите на Мојот верен сведок Антипа, кого го убија кај вас, каде живее сатаната.

14. Но имам нешто малку против тебе: зашто имаш таму некои, кои го држат учењето на Валаама, кој го учеше Валака да ги наведе на соблазан Израелевите синови, за да јадат идоложртвуваното и да блудствуваат.

15. Така и ти имаш некои, кои го држат на ист начин учењето на николаитите, кое го мразам.

Прочитајте целосна глава Откровение 2