Стар Завет

Нов Завет

Откровение 2:10-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Не бој се од она, што ќе претрпиш. Ете, ѓаволот ќе фрли некои од вас во темница, за да бидете искушувани, и ќе бидете во неволја десет дни. Биди верен до смрт и ќе ти дадам круната на животот.

11. Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „ На оној кој победува - втората смрт нема да му нанесе штета.”

12. На ангелот на црквата во Пергам напиши му: „Ова го вели Оној, Кој има меч остар од двете страни:

13. ги знам делата твои, и каде живееш, каде е престолот на сатаната; и го држиш Моето име, и не се одрече од верата во Мене, ни во деновите на Мојот верен сведок Антипа, кого го убија кај вас, каде живее сатаната.

14. Но имам нешто малку против тебе: зашто имаш таму некои, кои го држат учењето на Валаама, кој го учеше Валака да ги наведе на соблазан Израелевите синови, за да јадат идоложртвуваното и да блудствуваат.

15. Така и ти имаш некои, кои го држат на ист начин учењето на николаитите, кое го мразам.

16. Затоа, покај се! Ако пак не, ќе дојдам скоро при тебе и ќе завојувам против нив, со мечот на Мојата уста.”

17. Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам од скриената мана, ќе му дадам и бел камен и на каменот напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, кој го добива.”

18. И на ангелот на црквата во Тиатир напиши му: „Ова го зборува Божјиот Син, Кој има очи како огнен пламен, а нозете му се како сјаен бакар.

19. Ги знам твоите дела, и твојата љубов и верата и службата, и твоето трпение, и твоите последни дела, кои се повеќе од првите.

20. Но имам нешто против тебе: што ја трпиш жената Језавела, која се наречува себеси пророчица и која ги учи и ги заблудува Моите слуги, за да блудствуваат и да јадат идоложртвувано.

21. дадов време да се покае, но не сака да се покае за своето блудство.

22. Еве, ќе ја фрлам на постела, и со неа оние, кои прељубодејствуваа со неа, во голема неволја, ако не се покајат за своите дела.

23. И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.

24. А вам и на другите во Тиатир, кои не го држат ова учење, кои - како што велат - не ги запознаа сатанските длабочини, ви велам: не ви наложувам друго бреме.

25. Но држете го она, што го имате, додека дојдам.

26. И на оној, кој победува, и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над народите,

27. и ќе ги пасе со железна палка; и тие ќе се строшат како глинени садови; како што и Јас примив од Мојот Татко.

Прочитајте целосна глава Откровение 2