Стар Завет

Нов Завет

Откровение 19:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа чув како силен глас од множество на небото, да зборува: „Алилуја! Спасението, и славата, и честа, и силата Му припаѓаат на нашиот Бог,

2. зашто се вистински и праведни Неговите судови! Зашто ја осуди големата блудница, која ја расипа земјата со своето блудство, и врз неа ја одмазди крвта на Своите слуги.”

3. И по вторпат рекоа: „Алилуја! И нејзиниот дим се издига во вечни векови!”

4. И паднаа дваесет и четирите старешини и четирите живи суштества, и Му се поклонија на Бога, Кој седи на престолот, велејќи: „Амин! Алилуја!”

Прочитајте целосна глава Откровение 19