Стар Завет

Нов Завет

Откровение 18:4-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла;

5. зашто нејзините гревови стигнаа до небото и Бог си спомна за нејзините неправди.

6. Платете и како што и таа ви плаќаше вам; и вратете и двојно, според нејзините дела; во чашата, во која таа налеваше, налејте и двојно!

7. Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте и толку маки и тага, зашто вели во своето срце: „седам како царица и не сум вдовица и нема да видам тага.”

8. Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините зла: помор, тага и глад, и ќе биде изгорена со оган; зашто е силен Господ Бог, Кој ја суди.”

9. ”И ќе заплачат и ќе заридаат по неа земните цареви, кои блудствуваа со неа и уживаа во нејзиниот раскош, кога ќе го видат димот од нејзиното горење.

10. Стоејќи далеку, заради стравот од нејзините маки, ќе зборуваат: „Леле, леле, голем граде Вавилоне, силен граде, зашто во еден час дојде твојата пресуда!”

11. ”И земните трговци ќе плачат и ќе ридаат по неа, зашто никој веќе не ги купува нивните стоки,

12. стоки од: злато и сребро, скапоцени камења и бисери, од лен и од порфир, од свила, од црвена ткаенина и од секакво мирисливо дрво; и секакви предмети од слонова коска, и секакви предмети од најскапоцено дрво, и од бронза и од железо и мермер;

13. цимет и балзам, и мириси и масти, и темјан и вино, и масло и бело брашно и пченица, и говеда и овци, и коњи и коли, и тела и човечки души.

14. И овошките, по кои копнееше твојата душа, си отидоа од тебе, и секое изобилство и секој сјај ти пропадна, и нема веќе да го најдеш.”

15. ”Трговците на тие нешта, кои се збогатија, ќе стојат далеку, заради страв од нејзините маки, ќе плачат и ќе ридаат,

16. велејќи: „Леле Леле! голем граде, облечен во лен и во порфир и во црвена ткаенина; украсен со злато и со скапоцени камења и со бисери,

Прочитајте целосна глава Откровение 18