Стар Завет

Нов Завет

Откровение 18:14-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И овошките, по кои копнееше твојата душа, си отидоа од тебе, и секое изобилство и секој сјај ти пропадна, и нема веќе да го најдеш.”

15. ”Трговците на тие нешта, кои се збогатија, ќе стојат далеку, заради страв од нејзините маки, ќе плачат и ќе ридаат,

16. велејќи: „Леле Леле! голем граде, облечен во лен и во порфир и во црвена ткаенина; украсен со злато и со скапоцени камења и со бисери,

17. зашто во еден миг пропадна толкаво богатство! „И секој кормилар и секој морепловец и морнар и сите, кои работат на море застанаа далеку

18. и викаа, гледајќи го димот на неговото горење, велејќи: „Кој беше како овој голем град?”

19. И ги посипаа своите глави со прав, и викаа со плач и тага, велејќи: „Леле! Леле, голем граде! во кого се збогатија сите, кои имаат кораби по морето, од неговите скапоцености, зашто запусте во еден час!

20. Веселете се над неа, небо и вие свети, и вие апостоли, и вие пророци, зашто Бог го изврши вашиот суд над неа.

21. И еден силен ангел подигна камен, голем како воденички камен и го фрли во морето, велејќи: „Со вакво замавнување ќе биде фрлен големиот град Вавилон, и нема веќе да се најде!”

Прочитајте целосна глава Откровение 18