Стар Завет

Нов Завет

Откровение 15:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И потоа видов на небото се отвори храмот на Шаторот на сведоштвото,

6. а од храмот излегоа седум ангели, кои имаа седум зла, облечени во чисти и светли ленени облеки и опашани со златни појаси преку градите.

7. И едно од четирите живи суштества им даде на седумте ангели седум златни чаши полни со гнев на Бога, Кој живее во сите векови.

8. И храмот се наполни со дим од славата на Бога и од Неговата сила, и никој не можеше да влезе во храмот, додека не свршија седумте зла на седумте ангели.

Прочитајте целосна глава Откровение 15