Стар Завет

Нов Завет

Откровение 1:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. И кога Го видов паднав како мртов пред Неговите нозе; а Тој ја сложи Својата десница врз мене и ми рече: „Не бој се! Јас Сум Првиот и Последниот

18. и Живиот, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. Амин! И ги имам клучевите на Подземјето и смртта.

19. И така, напиши ова што го виде: и тоа што е и она што ќе биде потоа.

20. Тајната на седумте ѕвезди, што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви, а седумте светилници, што ги виде, се седумте цркви.

Прочитајте целосна глава Откровение 1