Стар Завет

Нов Завет

Матеј 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Не судете, за да не бидете судени!

2. Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”

3. ” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?

4. Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’

5. Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.”

Прочитајте целосна глава Матеј 7