Стар Завет

Нов Завет

Матеј 7:1-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Не судете, за да не бидете судени!

2. Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери.”

3. ” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?

4. Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’

5. Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.”

6. ”Не давајте им го она што е свето на кучињата; ниту фрлајте ги своите бисери пред свињите, за да не ги изгазат со своите нозе, и да се завртат и да ве раскинат.”

7. ”Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.

8. Зашто секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и на оној кој чука, ќе му се отвори.

9. Или, кој е тој човек меѓу вас, кој на својот син ако му побара леб, ќе му даде камен?

10. Или, ако му побара риба, ќе му даде ли змија?

11. И така, ако вие, кои сте зли, знаете да им давате добри дарови на своите чеда, колку повеќе вашиот Татко, Кој е во небесата, ќе им даде добра на оние, кои Го молат?”

12. ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.”

13. ”Влезете низ тесната врата, зашто широка е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.

14. Зашто тесна е вратата и тесен е патот, што водат во живот, и малцина се кои го наоѓаат.”

15. ”Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.

Прочитајте целосна глава Матеј 7